УЧЕНИЦИТЕ НАВРЕМЕНО ЕВАКУИРАНИ: Дојава за бомба во ООУ Блаже Конески-Прилеп
Учениците од попладневната смена од ООУ Блаже Конески во Прилеп, денеска ја прекинаа денешната настава, бидејќи до училиштето стигнала дојава за поставена бомба.
Веднаш потоа, учениците беа безбедно евакуирани од училишната зграда, а моментално на терен е екипа од МВР.
Повеќе инфо во текот на денот, во следните наши објави.