Кој ја внесува дрогата во Прилеп? МВР пронајде кокаин и марихуана кај 35 годишен прилепчанец

Сподели го ова:


























СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.П.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 18.02.2023 во Кривогаштани, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана. Истиот ден, бил извршен и претрес во домот на пријавениот и патничко возило „голф“ сопственост на неговиот брат, при што биле пронајдени и одземени семки од канабис и дигитална вага – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави