“ПРАСКОБЕР 2026”: Градоначалникот Крстевски покажа и докажа дека Росоман знае да прави големи музички настани!!
Овој викенд цела Македонија пулсираше во знакот на музичкиот ритам, како и во богатата програма која ја понуди Општина Росоман и Праскобер 2026. За музичката програма се погрижи ја Колектив Бенд, Куку Леле, Ана и девојките, а шлаг на тортата беше Мирза Селимовиќ кој синоќа го запали цело Росаман со своите големи музички хитови.

Истро така, во рамки на „Праскобер 2026“ се одржи и турнир во мал фудбал со учество на збратимените општини Пландиште, Србија и Анина, Романија, како и фолклорен фестивал на кој настапија фоклорни друштва од :Турција, Србија и се разбира и од Росоман, каде преку песна, игра и народни носии, учесниците ја претставија богатата традиција на своите земји и испратија порака за пријателство, почит и соработка меѓу народите.
“Направивме се за нашето Росоман да биде центар на случувањата, место каде што се собираат луѓето, се создаваат спомени и се слави заедништвото.
Горди сме што овој викенд Росоман живее со полн сјај, исполнет со гости, музика, насмевки и позитивна енергија.
Да живее Росоман!” – порача градоначалникот Ѓорѓи Крстевски.


















