|

УБАВИНА НА НИЖЕПОЛЕ: Денеска голем број посетители уживаа во зимската магија

Сподели го ова:























Успешно започна новата скијачка сезона во Ски – центарот Нижеполе. Скијачките патеки денеска беа полни со свеж снег, а студеното време не ја стопи желбата за уживање во снежните радости. Голем број на скијачи, жедни за адреналин и задоволство во зимските спортови, уште од рано утрово веќе беа на скијачките терени во Нижеполе.

Скијањето на Нижеполе, беспрекорната услуга, уредениот паркинг простор се дополнителни атрибути кои Ски – центарот Нижеполе го прават посебно привлечно место со совршени услови за љубителите на зимските авантури, а за многубројните посетители секоја посета е несекојдневно искуство.



Сподели го ова:

Слични објави