ДАЛИ МВР ЌЕ ГИ НАЈДЕ СТОРИТЕЛИТЕ? Пред некој ден беше оштетен автомобилот на Проданоски, денеска на Митева…

Сподели го ова:
























Што ли се случува во нашава земја? За само неколку денови, оштетени се два автомобили на видни членови на ВМРО ДПМНЕ. Како што соопштивме во текот на вчерашниот ден, автомобилот на претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, кој што воедно е и претседател на ОК при ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, беше значително оштетен со остар предмет, а денеска искршено и демолирано е возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.
Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали,
истакна Митева на својот профил на социјалните мрежи, и додава:

„Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има“.




Сподели го ова:

Слични објави