ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕКОТ НА САНАЦИЈАТА НА ДЕФЕКТОТ НА УЛ. “ТРИЗЛА“

Сподели го ова:


ЈКП “Водовод и Канализација” – Прилеп ве известува дека со санација на дефектот на водоводната линија ф400 на ул. Тризла преку која се снабдува високата зона на градот и тоа на потег од ул.”Ердован Шабаноски”, нас.”Марино Маало”, нас.”Кузман”, нас.”Рид” и нас.”Тапани” продолжи со работа и во вечерните часови. На увид излегоа Градоначалникот на град Прилеп Борче Јовчески и директорот на ЈКП “Водовод и Канализација” – Прилеп Игор Гулабоски. Во консултација со месното население и инженерите од ЈКП “Водовод и Канализација “- Прилеп одлучија со санација на дефектот да се продолжи во утринските часови. ЈКП”Водовод и канализација” – Прилеп ги замолува ѓраѓаните за разбирање и воедно ве известуваме дека со ваков тип на дефект се немаме соочено во изминативе 15 години. Локацијата на дефектот ќе биде обезбедена со соодветна сигнализација и ќе има поставено службено лице кое дополнително ќе се грижи за безбедноста на граѓаните. Исто така ќе биде обезбедена и патролна контрола од ПС Прилеп за обезбедување на локацијата. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано во текот на утрешниот ден.





Сподели го ова:

Слични објави