Синоќа, КК “МЕГА БАСКЕТ”- Прилеп триумфираше над Охрид со 21 поен разлика!
Синоќа во Прилеп, КК “МЕГА БАСКЕТ”- Прилеп триумфираше над Охрид со 21 поен разлика.
Со оваа победа, КК “Мега баскет” -Прилеп на самиот почеток на сезоната си обезбеди четири триумфи од вкупно пет натпревари, при што е водечки кандиат за пласман во Супер лигата.
За сите љубители на кошарката, денешниот неделен ден може да го поминете гледајќи квалитетен кошаркарски натпревар со почеток од 16 часот во салата во ООУ “Добре Јованоски”, каде помладата екипа на КК “Мега Баскет”- Прилеп ќе ги одмери своите сили со екипата на Црн Дрим.
















