Триесет години од донесувањето на Уставот на нашата земја

Сподели го ова:


Точно цели триесет години од донесувањето на Уставот на нашата земја. Независноста, уставно-правно со 93 гласа во Собранието на 17 ноември 1991 беше заокружена со донесувањето на Уставот на нашата земја. Имено, граѓаните на Република Македонија на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, плебисцитарно самопотврдувајќи ја државноста и сувереноста на Република Македонија ја изразија својата волја и го дадоа својот глас Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна држава Македонија, што уставно-правно се заокружи со донесувањето на Уставот на Република Македонија на 17 ноември 1991 година.Според Уставот, општествено-економскиот и политичкиот систем на Републиката се заснова на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија и другите темелни вредности на современото демократско општество.Уставот на Република Македонија е највисок правен акт во Република Македонија. Донесен е на 17 Ноември 1991 година и досега има претрпено повеќе промени: во 1992 (амандмани 1 и 2), 1998  (амандман 3),2001  (амандмани 4-18), 2003  (амандман 19), 2005  (амандман 20-30),2009  (амандман 31) и 2011  (амандман 32). Последната промена беше во 2019 година кога македонското Собрание ги изгласа четирите уставни амандмани за менување на уставното име во Република Северна Македонија по стапување во сила на Договорот од Преспа. Собранието на нашата земја го донесе и Уставниот закон за спроведување на амандманите.Инаку, Уставот е составен од Преамбула и членови. Членовите на Уставот се поделени во неколку глави:

  1. Основни одредби
  2. Основни слободи и права на човекот и граѓанинот
  3. Организација на државната власт
  4. Уставен Суд
  5. Локална самоуправа
  6. Меѓународни односи
  7. Одбрана на републиката, воена и вонредна состојба
  8. Измена на уставот
  9. Преодни и завршни одредби





Сподели го ова:

Слични објави