ПОВРЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА: Во близина на Прилеп воз удри во автомобил
Вчера, 20.05.2022 во 17. 40 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека во близина на железничката постојка „Тројкрсти” – Прилеп, настанала железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал и се движел на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра” управувано од П.Б.(48) од Прилеп, и истото било со прилепски регистарски таблички. Во оваа незгода, возачот и совозачот на автомобилот се здобиле со повреди, меѓутоа одбиле да им биде укажана лекарска помош.
















