ВИДЕО: За спас на с. Оревоец од штетното влијание на експлотацијата на камен застанаа прилепските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, прилепскиот градоначалник и Советниците од Општина Прилеп
На покана на Иницијативниот одбор за спас на с. Оревоец од штетното влијание на експлотацијата на камен од ископот во близина на селото, денеска со голема поддршка застанаа прилепските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, прилепскиот градоначалник и Советниците од Општина Прилеп.
“Штетните политики, криминални закони како оној за Бехтел-Енка, кои сдсм и дуи ги гласаа на шверцерски начин со злоупотреба на европско знаменце ги донесоа последиците.На покана на Иницијативниот одбор за спас на с. Оревоец од штетното влијание на експлотацијата на камен од ископот во близина на селото, присуствував заедно со колегите пратеници Дејан Проданоски Претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Прилеп и Билјана Кузманоска , Градоначалникот Борче Јовчески и советниците од Советот на Општина Прилеп на денешниот протест” – истакна пратеникот Петар Ристески.