ТРАНСПАРЕНТНО И АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН ВО РАЗВОЈНИТЕ ПРОЦЕСИ

Сподели го ова:




Градоначалникот на Битола и Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, Тони Коњановски, присуствуваше на Свеченото отворање на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ кој го имплементира организацијата Про Локал со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија.

Во своето обраќање на настанот, Градоначалникот Коњановски истакна, дека меѓу најголемите приоритети на Пелагонискиот регион чиј претседател е, се наоѓаат транспарентноста во работењето и инклузивноста.

Заменик Амбасадорот на Холандија, г-дин Роберт Декер истакна дека ја поддржаа иницијативата на Про Локал бидејќи препознаа партнер на локално ниво кој ги вклучува и општините и граѓаните во проектните цели.

Емилиа Ѓероска, претседател на Про Локал, го потврди иновативниот пристап при дизајнот на проектот и потенцираше дека само со вистинско вклучување на сите засегнати страни можно е решавање на предизвиците и забрзување на развојот.

Седум градоначалници од општините во Пелагонискиот регион, Новаци, Могила, Долнени, Кривогаштани, Демир Хисар, Крушево и Ресен потпишаа Меморандум за вклучување на младите во нивното работење и заложба за кофинансирање на седум проекти од помал обем.

Со проектот се предвидува активно вклучување на граѓаните во носењето јавни политики со особен акцент на младите и нивно учество во креирањето на развојни проекти.

Во проектот се вклучени пелагониските општини и десет граѓански организации чија задача ќе биде преку интензивни активности да ги поврзат идеите со расположивите фондови од меѓународната заедница со цел реализација на проекти кои се приоритет на младите од регионот.

Претставници од ЕУ, УНДП, УСАИД, СДЦ и Програмата МАТРА ги презентираа програмите кои се на располагање за финансирање на проекти поднесени од општините и граѓанскиот сектор.





Сподели го ова:

Слични објави