Во соработка со Локалната самоуправа, ЈКП ,,Комуналец’’ – Прилеп, започна реконструкција со замена на старите дотраени и искршени травертин плочки со нови во Старата прилепска чаршија
Јавното претпријатие,, Комуналец“, започна парцијална реконструкцијата со замена на травертин плочки во Старата чаршија. Во соработка со Локалната самоупрва, ЈКП ,,Комуналец’’ – Прилеп, започна реконструкција со замена на старите дотраени и искршени травертин плочки со нови. Моменталната состојба со поплочениот дел во чаршијата е во крајно лоша состојба, посебно околу споменикот на Итар Пејо, каде во моментов се вршат градежните работи, а пролетва, комуналците ќе вршат повеќе реконструктивни зафати на делови од плоштадите и парковите.,, Комуналец’’, изминативе два месеца, односно, онолку колку што дозволуваа временските услови, работеше на реконструкција на бекатон плочки и замена на ивичници во населбите Точила, Димо Наредникот и во центарот на градот.Реконструкција на поплочени патеки и плоштади со замена на мермерни, гранитни и травертин плочки ,,Комуналец’’, нема извршувано од 2016 година.