Традицијата продолжува! Од денеска па се до среда, Вевчани ќе живее во духот на Вевчанскиот карневал
Денеска голем број на граѓани од цела Македонија ќе се соберат во Вевчани, на местото каде традицијата и гостопримството се спојуваат во единствена магија. Вевчанскиот карневал, со својата долга историја е светилник на нашата култура и идентитет.

Секое издание на овој карневал не само што нè обединува, туку и ни покажува дека нашите обичаи и вредности живеат и се пренесуваат од генерација на генерација. Нека Вевчанскиот карневал продолжи да биде симбол на слободниот дух и креативноста на нашиот народ. Министерството за култура и туризам останува посветено на поддршката на овој национален бренд кој ја прославува слободната мисла, креативноста и нашата долговечна традиција. Во прилог, погледнете ја програмата на годинешниот Вевчански карневал.


















