|

Кое е ова правило?Со сертификат може 100% исполнетост на автобусите, а само 50% исполнетост на културните настани!!!

Сподели го ова:


Информативниот тим на STANICA.MK како информативен портал кој што се занимава и со истражувачко новинарство, секогаш отвора теми со кои се засегнати нашите граѓани. Врз основа на протоколите и корона ситуацијата, и врз основа на актуелноста на корона пандемијата, прашуваме како може според протоколите во нашата земја со сертификат да има 100% исполнетост на автобусите кои патуваат со часови, а врз основа на истите протоколи-да е дозволено само 50% исполнетост на културните настани кои што траат од еден до три часа!!! Навистина, ова нема никаква логика. Пред месец Октомври протоколите налагаа 30% исполнетост на културните манифестации кои се одржуваат на отворено, за да веднаш потоа според истите протоколи да се дозволи 50% исполнетост на културните манифестации на затворено. Искрено, сето ова нема ама баш никаква логика, бидејќи културните настани траат најмногу до 3 часа, а патувањето со автобус може да трае и до 12 и повеќе часови. Културните уметници ПОД ИТНО бараат преиспитување на оваа одлука, и да се дозволи 100% исполнетост на културните манифестации, бидејќи ако може 100% исполнетост во автобусите, може и 100% исполнетост на културните манифестации со сертификат. На уметникот му се потребни големите полни сали со публика, каде што врз основа на големиот громогласен аплаус на самата публика, уметникот чувствува дека живее, а сето тоа претставува негов основен поттик за да продолжи во иднина да креира и да создава едно поголемо културно општетство за сте-без исклучок!





Сподели го ова:

Слични објави