Од денес, СОУ Орде Чопела – Прилеп е побогато за 12 проектори и два современи микроскопи

Денес, во средното општинско училиште Орде Чопела во Прилеп, пристигна училишна опрема која се состои од 12 проектори кои ќе бидат монтирани во кабинетите каде се одржува настава во училиштето.
Покрај овие проектори, од денеска во училиштето има и два современи микроскопи, еден оптички и еден дигитален за потребите на изведување на практичната настава во училиштето.