Тоа што го вети – веднаш го исполни! Градоначалникот Стевановски работи со забрзано темпо во интерес на младите кои живеат во ова Општина Новаци

Сподели го ова:































Деновиве, градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, ги потпиша решенијата за исплата на субвенциите за возачки дозволи од Б категорија за сите млади лица до 26 години кои аплицираа согласно претходно објавениот јавен повик.

Секој корисник ќе добие финансиска поддршка во износ од 10.000 денари, како дел од нашата локална политика за поддршка на младите, поттикнување на нивната мобилност и олеснување на трошоците поврзани со нивното образование, вработување и секојдневни потреби. Со оваа мерка продолжуваме да инвестираме во младите луѓе – во нивната иднина, независност и развој. Горди сме што Општина Новаци е општина која ги препознава и поддржува потребите на младата генерација! Ќе продолжиме да работиме и понатаму за нови можности и мерки за поддршка на младите – порача Стевановски.




Сподели го ова:

Слични објави