Теа Таировиќ со голем концерт во Прилеп на фудбалскиот стадион на “Паркот на Револуцијата” во Прилеп
Една од најпознатите балкански фолк пејачки Теа Таировиќ, на 12 јули ќе одржи голем концерт во Прилеп на фудбалскиот стадион на “Паркот на Револуцијата”. Станува збор за пејачката која за кратко време со својот глас, стас и појава се издигнаа на она ниво на кое што е денес.
Колку за потсетување, пејачката на крајот од минатата година, поточно на 16-ти декември 2023 во арената „Јане Сандански“ во Скопје одржа голем концерт во преполната арена.