ЗА ЛЕОНИД! Во Прилеп, голема хуманитарна забава
Во јули 2023 година, Леонид доживеа тешка несреќа, додека нуркаше во вода. Тој не може сам да дише, но тоа го прави со поддршка на механичка вентилација, а констатирана е дијагноза квадриплегија – целосна парализа на рацете и нозете.По несреќата е извршено тешко хируршко лекување, а понатамошно лекување се препорачува на клиника во Австрија чија програма за лекување е прилагодена на потребите на Леонид. Продолжувањето на лекувањето бара високи трошоци, па затоа семејството апелира до сите луѓе со добра волја да им помогнат, и да соберат донации за Леонид да закрепне што е можно поскоро и да се врати на животот што го водел пред да се случи несреќата.
За Леонид, во Прилеп се организира голема хуманитарна забава. Повеќе инфо во рекламниот флаер кој следи во прилог на оваа објава: