Секоја чест!!! Михаела Талеска под менторство на професорката Билјана Проеска го освои третото место на интернационалниот фестивал во поезија во Бања Лука

Секоја чест за сите оние кои што ја претставуваат нашата земја надвор од нашите граници, преку својот талент и преку својата способност. Таквите личности преку својот труд и преку својот талент ја претставуваат нашата земја, како земја во која живеат голем број на талентирани млади и способни луѓе, луѓе со вистинска визија и квалитет. Едни од нов се и професорката Билјана Проеска од Крушево, која што вложува големи напори во својата професија и својата област, па како резултат на тоа излегуваат голем број на квалитетни ученици во училиштето каде што самата таа предава и несебично го пренесува своето знаење на нејзините ученици. Имено, она што моментално е ново, е тоа што нејзината ученичка Михаела Талеска под менторство на професорката Билјана Проеска го освои третото место на интернационалниот фестивал во поезија во Бања Лука. По тој повод се огласи и Проеска со честитка до нејзината ученичка: “Горда на нашето трето место во Бања Лука.Мојата ученичка Михаела Талескаосвои трето место на интернационалниот фестивал во поезија “Бањалучки пјесмопој”.На овој поетски фестивал имаше 22 учесници од повеќе држави, а ние бевме единствени претставници од Македонија, кои по објавениот конкурс, влегоа во финале. Крушево се сака со дела, СОУ “Наум Наумовски- Борче” Крушево се почитува и гради со труд, посветеност и промоција ширум светот.Во свет на неразумие, биди поет!”-истакна Проеска.

















