|

Марија Миноска од Прилеп ќе пее на најновото издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:


























Станува збор за младото прилепчанче Марија Миноска која одлично пее, па како резултат на тоа следната 2024 година ќе настапи на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2024 година, каде што на иста сцена ќе се дружи и пее со деца од повеќе градови од нашата земја. За неа, Гоце Балада направи одлична музика и текст за песната која е посветена на нејзиното братче Петар. Песната се вика “Петар – брз како ветар”, а аранжман за оваа одлична песна направи маестро Рубин Димкоски.

Наредната година, прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков на наредното 6-то фестивалско издание на Веселите Ѕвончиња, ќе има можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.

Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. 

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!! 




Сподели го ова:

Слични објави