АИРЛИЈА НЕКА И Е: СПОРЕД ЗАКОН ДРСКАТА Г-ЃА МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДО 3 ГОДИШНА ЗАТВОРСКА КАЗНА – Реакција на ССНМ за попречување на работата на новинарката на Алфа ТВ

Сподели го ова:























Во Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници сме вознемирени и крајно разочарани од случувањата при снимање на прилог на Алфа кога граѓани се дрзнаа да присвојат јавен простор и да ја избркаат телевизиската екипа со образложение дека тоа ним некој им го дозволил.

Потсетуваме дека попречувањето на новинарите и снимателите во обврските за информирање на јавноста е казниво според законот. Дополнително, попречувањето е направено во процес на снимање на тема за подигање на свеста за многу горливо и сензитивно прашање за граѓаните и општеството, како што беше темата во прилогот, што дава нехумана тежина на чинот кој е за секоја осуда.

„Дрскоста и елементарното отсуство на емпатија кон колегите и кон гостите во прилогот на Анастасија Богдановска – Илиевска од страна на „славениците“, кои и да се, не смее да остане незабележано, па и несанкционирано особено што станува збор за јавен простор кој никако не може да биде даден во владеење, па нека е и времено, на група граѓани“ – се истакнува во соопштението од синдикатот.

ССНМ ја осудува постапката на граѓани кон нашите колегите затоа што освен попречувањето во работата, колку и да не е опасно во овој случај, станува збор за загрозување на безбедноста на новинарите и медиумските работници.

„Само да потсетиме и да предупредиме, попречувањето на новинарите во вршење на нивната работа е казниво според член 139 од Кривичниот закон, кој таквото дело го препознава како попречување на службено лице во вршење на неговата работа за што е предвидена казна од шест месеци до три години. Воедно ги охрабруваме нашите колеги да пријавуваат до надлежните вакви и слични инциденти, бидејќи колку и да изгледа безопасно, толку може да охрабри други уште поагресивно да се однесуваат кон новинарите и медиумските работници додека се тие на извршување работни задачи“, порачуваат од ССНМ.



Сподели го ова:

Слични објави