ЖАЛОСНО – ИМА И ПОВРЕДЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ: Тешка сообраќајна несреќа на раскрсница во Прилеп

Сподели го ова:























На 21.11.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека во 13.30 часот на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, управувано од Ж.П.(61) од с.Воѓани, прилепско и патничко возило „опел“, управувано од Е.И.(33) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата В.Ш.(24) од Прилеп, сопатник во возилото „опел“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.



Сподели го ова:

Слични објави