ЈОВЧЕСКИ: Како градоначалник на општина Прилеп упатувам покана дo сите граѓани да присуствуваат на чествувањето на градската слава на ден 19.12.2022

Сподели го ова:


























Прилепчани веќе се подготвуваат за славата на градот под Марковите Кули. По тој повод, и прилепскиот градоначалник, упати покана до прилепските граѓани за да присуствуваат на градската слава во понеделник:

“Почитувани сограѓани, по повод празнувањето на големиот христијански празник Св. Никола, патронот заштитник на градот, како градоначалник на општина Прилеп упатувам покана дo сите граѓани да присуствуваат на чествувањето на градската слава на ден 19.12.2022 понеделник.
 Нека е честит и вековит големиот празник Свети Никола!”
– истакна Јовчески




Сподели го ова:

Слични објави