Директорот Влатко Кузманоски продолжува со грижата за учениците и по завршувањето на наставната година
Прилeпските основни училишта, отсекогаш се издвојувале од училиштата од другите градови, по својата креативност и иновативност, при што така беше и овој пат. Имено, училишниот двор и спортските терени во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” се обоени во боите на македонското знаме. Од она што можеше да го забележи на терен информативната екипа на СТАНИЦА.МК е тоа што во ова училиште постојано се чистат, надоградуваат и одржуваат спортските терени – без разлика дали е распуст, или пак не. Врз основа на ова, очигледно е дека директорот Влатко Кузманоски продолжува со грижата за учениците и по завршувањето на наставната година. Нема ништо поубаво од среќни, исполнети ученици кои растат во едно убаво, среќно детство. Нели?
“Училишните дворови се местата каде што се градат спортски навики, вистински другарства и младешки спомени во текот, но и по завршувањето на учебната година. Да им овозможиме место на нашите деца на кое што ќе градат и ќе се изградат во квалитетни млади луѓе” – истакнаа од ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во нивната објава на социјалните мрежи.