За многу години! Mанастирот “св Никола” во с. Манастир – Мариово е подготвен за манастирската слава
Известување за манастирската слава “Пренос на моштите на свети Никола Чудотворец”
Монашката обител на манастирот Свети Никола – Мариово и оваа година Ве поканува за чествувањето на храмовната слава и Ве известува дека богослужбите ќе се одржат по следниот редослед:
на 21 мај (среда) вечерна богослужба со почеток во 18 часотна 22 мај (четврток) утринска богослужба со почеток во 07:30 часот, и по утринската богослужба, воскресна архиерејска Литургија. За време на богослужбите ќе бидат изнесени за поклонение моштите на свети Никола.

















