STANICA.MK ДИРЕКТНО ОД ТЕРЕН: И денеска продолжува штрајкот во образованието

Сподели го ова:


Од утрово започна вториот ден од штрајкот во образованието. Нашиот информативен тим, и денеска будно ќе ја следи ситуацијата од терен, и редовно ќе Ве информира како и до сега, за сите најнови случувања во однос на штрајкот. Решение сеуште нема – а не пак некој позитивен дијалог, а за да се дојде до решение синдикалниот лидер Неделков истакна дека тој треба да биде „конструктивен и конкретен, а не пропаднат и бесцелен разговор“. Како и да е, во најава е нова средба помеѓу владини преставници и СОНК, која најверојатно ќе се случи денес или утре.

“Пресреќни сме што немало никаков инцидент, ниту некое дете било оставено пред врата. Најважно е што е пратена пораката до надлежните која е многу јасна – огромно е незадоволството во градинките, основните и средните училишта кои имаат проблем со нивниот социјален статус. Расположени сме тежината на нашите аргументи уште еднаш да ги претставиме пред надлежните и да ги убедиме дека ова што го бараме е издржано и да најдеме заедничко решение”, истакна Неделков.





Сподели го ова:

Слични објави