Започна вториот по ред, Турнир во фудбал за млади генерации „Евро гол – Македонија Куп 2024“
Оваа година, повторно нашата општина Прилеп има привилегија да биде домаќин на младите фудбалски надежи од генерациите од 2011 до 2017година, кои ќе ги покажат своите вештини и таленти на стадионот на Могилата во Прилеп.
“Сакам да изразам огромна благодарност до организаторите на овој турнир. Вашиот труд и посветеност ја прават оваа манифестација вистински спортски празник и прекрасна прилика за промоција на нашиот град Прилеп преку најважната споредна работа на светот – фудбалот.
Овој турнир е уште еден доказ за нашата заедничка посветеност и љубов кон овој спорт, спорт кој што обединува и инспирира многу генерации.
Како градоначалник на Прилеп, на отворањето синоќа, ја искористив приликата да ги охрабрам сите учесници на овој турнир. Верувајте во себе, трудете се и продолжете уште поинтензивно да се занимавате со спорт. Спортот е вистинскиот пат кон здрав дух и правилен раст и развој, а Вие сте иднината на нашиот фудбал и на нашето општество.
Локалната самоуправа на општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува сите спортски настани и активности со цел промоција на спортот и вистинските вредности” – истакна Јовчески.