15-ти по ред Меѓународен Џудо Турнир „Прилеп Град Херој 2025 – Цевитана Куп“
Прилеп денес е спортски центар и домаќин на големо меѓународно џудо случување со учесници од 10 држави, меѓу кои за прв пат и клубови од Англија, Словачка и Турција.
Овој турнир има традиција и секоја година расте и се развива, доказ дека Прилеп е град што ги негува вистинските спортски вредности.

На сите натпреварувачи им посакувам многу успех, борбен дух и убави спомени од нашиот град херој, Прилеп. Голема благодарност до Џудо клубот „Сеишин“, Џудо федерацијата на Македонија, судиите, тренерите и сите волонтери за нивниот труд, посветеност и беспрекорна организација! Прилеп отсекогаш бил и ќе остане град на спортот, традицијата и шампионите! – порача Јовчески.


















