Вечерва во Прилеп беше отворена изложбата на Фото-кино клубот Прилеп “Јордан Зазоски – Зазо 2022”, на која беа изложени 60 уметнички фотографии од вкупно 60 автори
Вечерва во ликовниот салон во НУЦК “Марко Цепенков”-Прилеп беше отворена изложбата на Фото-кино клубот Прилеп “Јордан Зазоски – Зазо 2022”, на која беа изложени 60 уметнички фотографии од вкупно 60 автори. Станува збор за изложба на уметнички фотографии која што традиционално се реализира секоја година во чест на фотографот Јордан Зазоски – Зазо. На настанот, присуствуваа голем број на прилепчани, меѓу кои и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески и Претседателот на Совет-Дејан Проданоски. Станува збор за изложба која што кај прилепската публика ќе предизвика голем интерес, пред се заради уникатноста на сликите кои се дел од самата изложба. Изложбата “Јордан Зазоски – Зазо 2022” ја отвори прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, при што истакна:
“Ми беше чест вечерва да ја отворам 9-тата изложба по ред на Фото Кино клубот „Прилеп“- Јордан Зазоски Зазо 2022 година. На оваа изложба видовме прекрасни фотографии низ објективот на талентираните прилепски автори. Ваквите настани кои даваат голем придонес во афирмацијата на нашиот град секогаш ќе ја имаат мојата поддршка и поддршката на Локалната самоуправа”-истакна Јовчески.