ДЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА НА ГОДИНА! “The best of Prilep by JANA” – овој вторник во Марко Цепенков
Најдобрите групни точки на најмладите од Прилеп од 4 до 7 години, ќе бидат дел од најголемата завршна детска манифестација која ќе се случи на 18 Јуни во НУЦК Марко Цепенков, со почеток од 20h. За оваа манифестација има пријавено голем број на учесници. Билети за “THE BEST OF PRILEP by JANA” –може да си набавите во Del Posto -Прилеп секој работен ден (освен во недела). Како што е добро познато Del Posto -Прилеп се наоѓаат во цветната улица во центарот на Прилеп, и истите работат до доцна навечер.
Музика, танц, странски јазици, балет… Групите се создадени од 20 па се до 60 учесници од група. Како што истакнуваат од организациската продукција, сите учесници на оваа манифестација ќе бидат наградени со поединчени дипломи.
Децињата се наша сегашност и наша иднина!!! Набавете си што поскоро билети додека сеуште има, и дојдете заедно да ги подриме нашите најмили овој вторник во НУЦК “Марко Цепенков”.