ПОБРЗАЈТЕ! Старите возачки дозволи ќе важат до крајот на годинава
Сите граѓани, кои имаат возачки дозволи со старото име на државава да пристапат кон обновување на истата, апелираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Досега се издадени 750 000 возачки дозволи, со новото уставно име – потребно е да се издадат уште околу милион возачки дозволи со новото име. Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачки дозволи со старото име, да пристапат кон обновување на истата, затоа што согласно измените на законот, старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година, истакна министерот Тошковски.


















