“Две од две” за одбојкарските ветерани! Прилепската екипа “11 Октомври” ја забележа својата втора победа
Денес во Велес се одигра второто коло од одбојкарската лига за ветерани. Во интересен натпревар прилепската екипа “11 Октомври” ја забележа својата втора победа од исто толку натпревари. Денес е победена екипата на Гевгелија со 2:0 во сетови со што ја остава нашата екипа на 100 % учинок.
За екипата на “11 Октомври” настапија: Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Зоран Пилоски, Мартин Наумоски, Николче Димовски, Петар Толески и Гоце Бурнески. Во улога на тренер на екипата беше Дејан Димоски.