Спектакл во Кавадарци! Премиера на најновата комедија од “Солза и смеа”

Сподели го ова:


























Кавадарчани ќе се смеат на секои 5 секунди! “Солза и смеа” доаѓаат во Кавадарци со најновото комично шоу, кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место! Во Кавадарци доаѓаат на 27-ми Ноември 2024 година, а комичното шоу е закажано за во 20h во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ – Кавадарци, сала која исто како лани, ќе биде претесна за да ги собере сите кавадарчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си резервирате 24/7 на 078/ 66-77-97.




Сподели го ова:

Слични објави