Немаше игла каде да падне! Вчера, прилепчани уживаа во шоуто на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски

Сподели го ова:


























Вчера вечерта, молкот и тишината беа единствената слика која доминираше во прилепската чаршија, и на прилепскиот плоштад. А како да има луѓе во центарот на Прилеп, кога “Балада Арт Продукција” и нашиот прилепчанец Гоце Балада кој што всушност е добитник на наградата од АКАДЕМИК за најкреативна личност во нашата земја во областа на маркетингот, културата и уметноста, вчера вечерта во М. Цепенков повторно на прилепчани им приреди “смеење до солзи” -а овој пат тоа беше со неговите пријатели и соработници – Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.

Со нивниот ексклузивен стендап, овапопуларното стендап дуо вчера вечерва во големата сала настапија со нивното стендап комично кабаре шоу, кое публиката ја воодушеви, а доказ за тоа беа големите аплаузи кои постојано се слушаат во салата во Центарот за култура во Прилеп. Имено, Гоце Балада, ова шоу премиерно ќе го прикаже и во големата сала во Центарот за култура во Битола наредниот месец.

Битолчани спремајте се, за уште едно несекојдневно доживување!




Сподели го ова:

Слични објави