Од денеска, матичните лекари на протест – нема да препишуваат ниту рецепти ниту пак упати

Сподели го ова:





























Членови на Здружението на приватни лекари на Република Македонија, од денеска стапуваат на тридневен протест. Лекарите ќе бидат на своите работни места, ќе примаат само итни случаи, меѓутоа нема да издаваат упати и рецепти.

Главно барање на матичните лекари е јасно и едноставно, а тоа е зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците на живот. Имено, УО на ЗПЛРМ на 27 август донесе одлука на 5,6 и 7 септември да се одржи протест на работно место – заради неприфаќање на стратешките барања од здравствените власти.




Сподели го ова:

Слични објави