ЈКП Водовод – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на ул. Даме Груев, крак 1 и 2 (населба Мал Париз) во Битола

Сподели го ова:





























Почитувани,

Од денес, 19.02.2026 година, ЈКП Водовод – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на ул. Даме Груев, крак 1 и 2 (населба Мал Париз) во Битола.

Во рамки на активностите ќе се изврши замена на старата водоводна мрежа со нова, современа мрежа од полиетилен, како и изведба на нови приклучоци за граѓаните.

Поради изведувањето на работите, ќе има повремени прекини во водоснабдувањето.

ЈКП Водовод Битола посветено работи во служба на граѓаните за подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето – информираат од ова ЈКП.




Сподели го ова:

Слични објави