Соборот на СПЦ, го одобри канонското единство со МПЦ-ОА
Врз основа на минатонеделната одлука на Вселенската Патријаршија, со која ја призна МПЦ-ОА за канонска, денеска Соборот на СПЦ имаше работен состанок со која заседаваше патријархот Порфириј.
Бидејќи со тоа се отстранети причините за прекинот на литургиското и канонското причестување предизвикано со едностраното прогласување на автокефалноста во 1967 година се воспоставува, целосна литургиска и канонска заедница–се наведува во соопштението од Соборот на СПЦ…
Со воспоставување единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целата територија на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Македонија не само што е можен туку и наменски, легитимен и реален…Во дијалогот за нивниот иден и евентуален конечен канонски статус, СПЦ ќе се води само и исклучиво од еклисиолошко-канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ „и други слични дадени или еднострани иницијативи и кои не се предмет на ничие влијание или притисок-се истакнува во дел во соопштението од Соборот на СПЦ.