МВР “влезе” во градскиот пазар во Прилеп – извршен е претрес при што едно лице доби “кривична” заради „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.Б.(46) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

На 26.12.2023 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.
На 22.08.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, како и во неговата тезга на Градскиот пазар и исто така биле пронајдени и одземени пиротехнички средства – информира МВР.
















