Времето денеска ќе биде значително посвежо, проследено со голем пад на температурите на воздухот
Времето денеска ќе биде значително посвежо, проследено со голем пад на температурите на воздухот. Сето ова се однесува особено за утринските и ноќните часови, кога температурите на повеќе места ќе се намалат за околу 10 степени.
Во Македонија овие денови ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, a врнежи кај нас до крајот на оваа недела нема да има. Сето ова подразбира дека сушниот период продолжува и понатаму.
















