Со уште една убава вест заврши учебната година во ООУ Кире Гаврилоски – Јане

Вчера заврши школската година за учениците во Република Македонија, а со тоа започна најголемата радост за учениците, и долгочекуваниот летен распуст. Меѓутоа, ООУ Кире Гаврилоски – Јане учебната година ја заврши со уште една убава вест и со уште еден голем постигнат успех, кој што беше “шлагот на тортата” за оваа учебна 2022/2023 година.
Имено, на државниот натпревар по Географија двајца ученици од ООУ Кире Гаврилоски-Јане постигнаа одлични резултати:
– Давид Касоски – прва награда
Ментор: Илија Ристески
-Сергеј Димоски – втора награда
Ментор: Милан Јаковоски
Како и да е, школската година заврши со уште една убава вест, а официјално веќе од денес учениците се на летен распост и веќе започнуваат да ги прават своите планови за тоа како ќе го поминат целото слободно време кое што го нуди летниот распуст, а веќе од Септември со нови сили, ќе се вратат повторно во училишните клупи.

