ЗА МНОГУ ГОДИНИ КОЛЕДЕ И БАДНИК: Граѓаните подготвени за големите христијански празнувања
Според христијанската традиција денес е Бадник, празникот кој се слави еден ден пред Божиќ, празникот кој што заедно со коледе, го најавува Рождеството Христово.
Бадниковата ноќ претставува празник на радоста, мирот и сплотеноста. Овој празник е поделен на два празнични дела – периодот од полноќ до пладне на 6 јануари кога е Коледе, а денес од пладне па се до полноќ се слави Бадник.
Бадник секогаш паѓа на 6 јануари , а Божиќ на 7 јануари. Суштината на овој голем радосен празник е во радоста на христијаните пред очекувањето на големиот ден — Христовото раѓање. Имено, Бадник е и последниот ден од божиќните пости.