ОПШТИНА ПРИЛЕП И КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ РЕШЕНИ ДА СЕ СПРАВАТ СО ДИВИТЕ ДЕПОНИИ
Со градежна механизација и транспортни товарни возила низ и околу викенд населбата Маркова чешма, се исчистија и транспортираа до депонијата во Алинци над 300 м3 отпад.
Денеска, увид во чистењето на дивите депонии изврши и грдоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, кој најави дека Локалната самоуправа во соработка со јавното комунално претпријатие годинава, мора да го решат проблемот со дивите депонии. Јовчески, истакна дека ќе воведе засилени иснпекциски контроли за сузбивање на неконтролираното исфрлање на отпад, едукација за населението и поголема координација со сите чинители, со цел да се овозможи чиста и здрава животна средина на населението од општината.
В.д. директорот Рубинчо Абрашоски на средбата со жители од викенд населбата и пред новинарите, ги повика граѓаните на соработка со цел да помогнат во заложбите на „Комуналец“, кој несебично изминативе два месеци работи на чистење на дивите депонии.
-„Иако временските условине беа нанаша страна, сепак, ние изминатиов период од моето назначување успеавме да исчистиме 1050м3 отпад од над десетина диви депонии и истиот е депониран во депонијата Алинци. И оваа еколошка акција е една од поголемите каде во два дена успеавме да исчистиме голем број на диви депонии во и околу викенд населбата Маркова чешма. Сакам да истакнам дека „Комуналец“, при чистењето на дивите депонии троши огромни финасиски средства заради тоа што се работи на терен со градежна механизација, и транспортни товарни возила, при тоа користеќи и работна рака. Затоа, ги замолувам граѓаните да соработуваат со комуналното претпријатие и службите, да се информираат за секоја поголема количинана отпад каде, како и кога треба да се одложи, за да не идеме во ситуација беспотребно да трошиме за чистење на диви депонии, наместо тие финасиски средства да ги искористиме во општи добра за сите граѓани од Општина Прилеп, изјави в.д. директорот Рубинчо Абрашоски.
Јавното претпријатие „Комуналец“, и нареднава недела ќе продолжи со чистење на дивите депонии по приоритет и по зацртан Оперативен план. Сепак, останува на граѓаните, но и на услужните дејности да соработуваат со комуналното претпријатие, и секој вид на отпад да се предава на комуналните работници, наместо неконтролирано да се исфрла во околината на градот и населените места.
Уште еднаш да напоменеме дека секој вид на отпад и без оглед на количините го собира бесплатно јавното претпријатие од домаќинствата, освен градежниот шут за кој се врши наплата од 620 денари за трактор, или 1360 денари за контејнер од 5м3.