Следува период на стабилно време! Цела недела наутро студено – а преку денот сончево

Сподели го ова:





























Врз основа на информациите од УХМР, времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево, при што по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Во некои делови од земјата, ќе дува слаб ветер од јужен правец.

И во наредните денови следува период на стабилно и претежно тивко време, проследено со студени утра и мошне ниски температури кои ќе се спуштаат под нула степени, а по одделни котлини не е исклучена можноста за појава на утринска магла или ниска облачност.




Сподели го ова:

Слични објави