Сите активности во НУЦК “Марко Цепенков”се ОДЛОЖУВААТ, вклучувајќи ја и претставата „Глембаеви“-како резултат на прогласената тридневна жалост
Како резултат на прогласената тридневна жалост, сите активности во НУЦК “Марко Цепенков” се ОДЛОЖУВААТ, вклучувајќи ја и претставата „Глембаеви“. Колку за потсетување, оваа претстава на репертоарот беше закажана за вчера и денеска (среда.24.11.2021), меѓутоа врз основа на прогласената тридневна жалост НУЦК “Марко Цепенков” ги одложи сите свои активности овие три дена, се додека трае прогласената тридневна жалост, која е прогласена како резултат на загинувањето на големиот број македонски државјани (од кои 12 деца) во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма” во соседна Бугарија, кога автобус со македонски таблици се запалил. Автобусот се движел на релација од Истанбул до Скопје.