Градоначалникот Јовчески и Претседателот на Советот-Проданоски, во посета на местата каде што се слави Рамазан Бајрам
Градоначалникот на општина Прилеп – Борче Јовчески и Претседателот на Советот-Деjан Проданоски, денеска беа во посета на населените места во Прилеп каде што се слави Рамазан Бајрам. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакал во Прилеп-Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA ” кој ќе се одржи оваа година на 07.05.2022 во НУЦК “Марко Цепенков” и ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички хитови).
“По повод празникот Рамазан Бајрам, заедно со претседателот на Советот Дејан Проданоски, денес ја посетивме населбата Тризла и населеното место Канатларци каде на граѓаните им го честитавме овој празник. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на нашите сограѓани за прекрасната гостипримливост на местата кои ги посетивме.Ваквите празници без разлика на верата се прилика да шириме љубов и позитива во општеството на кое припаѓаме. Уште еднаш, на сите сограѓани од исламска вероисповед им го честитам Рамазан Бајрам и им посакувам да го поминат во мир и благосостојба!” -порача прилепскиот градоначалник Јовчески.