Градоначалникот на општина Могила Саботковски, со честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители

Сподели го ова:


Светите браќа Кирил и Методиј имаат големо, духовно и историско значење за македонскиот народ, и за сите народи кои имаат старословенско потекло. Воедно, нивната мисија за ширење на христијанската мисла и нивните големи-огромни дела, претставуваат една неисцрпна инспирација за целокупниот цивилизациски напредок и човештвото. По повод денешниот празник-денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, честитка до граѓаните упати и Градоначалникот на општина Могила – Драганчо Саботковски, при што истакна:

“Нека ни е честит 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј. Кирил и Методиј го посеаја семето на писменоста и просветата меѓу словенските народи. Со големата просветителска и мисионерска дејност, блеснаа како сонце и со својата мудрост и милост го избркаа облакот на многубоштвото и неписменоста и со тоа им го дадоа на словенските народи најсилното оружје, најголемиот дар – азбуката, писменоста и христијанството.Делото на словенските учители е нераскинлив дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Наша света должност е да бидеме горди чувари на своите корени.За многу години!”-истакна Саботковски во својата честитка.





Сподели го ова:

Слични објави