Заслужено! Aирлија да им се парите! Во март ново зголемување на платите во здравството

Сподели го ова:





























Ново зголемување на платите во јавното здравство. Зголемувањето на платите за вработените во јавното здравство, ќе започне во месец март.

Клековски порача дека според договорот со синдикатите, во март оваа година ќе има уште едно зголемување на платите во јавно здравство:

Mислам дека барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори – образование, има постигнато договори за зголемување на платите. Така да, барем во мојот сектор можам со сигурност да кажам дека има силна поддршка натамошното зголемување на плати во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа. Тука остануваме посветени. Веќе може да најавам дека нема да биде еднакво зголемувањето во март за сите, туку ќе биде процентуално, бидејќи платите меѓу понискиот кадар и докторите – коефициентот и разликата меѓу нив се намали, а сепак мора да бидат соодветно вреднувани и лекарите – истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски.




Сподели го ова:

Слични објави