Овој четврток на Kамената бина во Прилеп! “The Doctors” со tribute to Michael Jackson

Сподели го ова:





























Четврток 23 јули во 21.00 ч на Камена бина

The Doctors➡️tribute to Michael Jackson


👉The Doctors е прилепски рок-фанк бенд формиран на крајот од 2022 година. Овој бенд сега е составен од 5 члена, меѓу кои Сергеј Попоски како фронтмен и вокал, Ѓорѓи Петкоски како бекинг вокал и бас гитара, Вилијам Спиркоски на тапани, Филип Сотиров на ритам гитара, Марко Стојаноски на соло гитара и Мирослав Миленкоски на саксафон.
Добро познати на локалната сцена и пошироко со настапи во Прилеп, Битола и Скопје, бендот The Doctors изведува англиски рок, фанк и поп безвременски хитови, како и наши македонски песни и аранжмани и авторски песни, оддавајќи им почит на великаните кои ја насочиле душата на рок, фанк и поп музиката да ечи низ времето, а за брзо ќе го донесат тој звук и на нашата прилепска сцена.
Во рамките на овој културолошки проект, The Doctors овој четврток ќе свират трибјут на еден од најмаркантните и најпрепознатливите имиња на светската сцена – MICHAEL JACKSON!
Наше е да ве пречекаме овој четврток во 21.00ч, а ваше е да дојдете и да уживате!




Сподели го ова:

Слични објави