Синоќа во Општина Новаци започна “Зимската бајка” во која уживаа голем број на граѓани
Првиот ден од настанот „Зимска Бајка“, во организација на Младинска Граѓанска Акција во Општина Новаци, беше исполнет со музика и празнична атмосфера. Посебен момент на вечерта беше првиот солистички концерт на КУД „Везилка“, кој со својот настап ја воодушеви публиката и ја промовираше традицијата и културата.
Настанот беше збогатен и со настапите на група „Маестрал“ и група „Секвенца“, кои придонесоа за одлична забава и вистински зимски дух. Вечерта помина во знак на дружење, музика и позитивна енергија, најавувајќи успешна и магична „Зимска Бајка“.
















