НАША МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Познатата поетеса Елена Христоска продолжува да реди успеси! Овој пат освои “ГРАН-ПРИ” за краток расказ

Сподели го ова:































Крушевчанката Елена Христоска, на далеку познататa поетеса, овој пат освои уште една врвна, висока награда. Имено, оваа талентирана крушевчанка освои “ГРАН-ПРИ” за краток расказ на новогодишниот литературен конкурс во организација на Милица Паулус во соработка со Здружението на поисатели и слободни уметници Љуљана – Куманово. Комисијата од овој новогодишен конкурс без никакво двоумење, расказот на Христоска го прогласи за најдобар при што и ја додели најголемата награда “ГРАН – ПРИ”.

Колку за потсетување, оваа позната поетеса има освоено повеќе награди, меѓу кои и наградата на меѓународен поетски фестивал од Руската Федерација, на кој учествуваа 500 поети, каде Христоска со поемата “Тивко”, тогаш го освои oсвои прво место во  категоријата “Најдобра поема”  од меѓународната жири комисија.

Информативниот тим од информативниот портал СТАНИЦА.МК на Христоска и ја честита најновата награда, со надеж за уште многу успешни дела и признанија во иднина.




Сподели го ова:

Слични објави